Air Quality Index
Online


Сите информации за загаденоста на воздухот

Онлајн сервис

Меродавни информации во врска со загаденоста на воздухот

Пристапност
Веб сајтот е дизајниран за лесен пристап до податоците. На јавноста и нуди едноставен и разбирлив приказ на состојбите со загадувањето на воздухот.
Сервисот овозможува јавен или ограничен пристап до проекти за различни клиенти.
За клиентите се изработуваат проекти према нивни барања.
Мерни и системски решенија
Изборот на мерни инструменти, начинот на нивното одржување и проверка е клучен за точноста на измерените податоци. На јавноста и клиентите им даваме прецизни, измерени, а не софтверски „измесени" резултати. Во зависност од потребите на клиентот, во проектираме системи со Референтни, Индикативни и Детектори со сензорска технологија наменети за мониторинг.
Стандарди
Државните, Локалните мрежи за мониторинг на Квалитет на Воздух и индустриските постројки кои се обврзани да реферираат резултати, мерењата ги вршат со Сертифицирани мерни инструменти и мерни анализатори. Тоа се уреди кои ги поминале потребните тестирања за соодветност на мерењата и се сметаат за валидни за презентација и анализа на сосојбите за квалитет на воздух. Останатите сензорски системи за мониторинг се наменети за примена во најразлични проекти.
Софтвер
Користиме најсовремени алатки при изработка и континуирано го надградуваме системот со нови посовремени решенија
Сигурност
Прикажаните резултати се квалитетно измерени во согласност со регулативите, пропишаните стандарди, и барањата кои се наметнуваат од страна на клиентите. Користената опрема за мерење и техничките карактеристики се достапни преку сервисот
Статистики
Визуелен приказ разбирлив за сите корисници. Унифицирани графици кои го прикажуваат движењето на нивото на загаденост и најразлични статистики и трансфер на податоци се возможни за секој клиент према неговите потреби.